ЕБОР:

Три милијарди евра штети од поплавите во Србија и БиХ

Брисел, 30 мај 2014 (МИА) - Минатонеделните поплави на Балканот предизвикаа директна штета од околу три милијарди евра, што може негативно да влијаат на економскиот раст, како и да придонесе за зголемување на инфлацијата, соопшти Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Според првични груби проценки на Банката, како што јави ДПА, Србија претрпела директни штети од 1,5 до 2 милијарди евра, а Босна и Херцеговина од 1,3 милијарди евра.

Поплавите нанеле значителни штети во земјоделството, кое учествува со 10 проценти вод бруто домашниот производ на Србија и шест проценти во БДП на БиХ. Очекуваните загуби во оваа сфера се стотици милиони евра.

Сериозно се погодени и производството на електрична енергија и рударството во Србија, додека поплавите нанесоа оштетувања на транспортната инфраструктура на двете земји, наведува ЕБОР.

Последиците од поплавите може дополнително да ги забават реформите во двете држави, предупредува банката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...