Состојбата е алармантна, ќе мораме да увезуваме луѓе

Се остваруваат негативните прогнози на кои последните 50 години предупредуваа хрватските демографи, дека ќе се намалува бројноста на хрватското население, со се поголемо стареење, покрај многу смртни случаи од раѓање и зголемено иселување, што трендовите посебно се изразени во последните 20 и повеќе години.

Појавите кои експертите ги предвидуваа и алармираа на нив уште во 70-тите години нагло се забрзани од 1991 година и војната, која поттикна демографски пад, кој од тогаш поприма загрижувачки показатели. Еуростат објави дека Хрватска само во 2013 година изгубила дури 15,5 илјади луѓе, нешто поради смрт, нешто поради иселување. Др. сц. Дражен Живиќ демограф на институтот Иво Пилар, не го изненадивме со овој податок, бидејќи од порано е познато дека просечно годишно умираат околу 10.000 луѓе повеќе од што се раѓаат.

- Со децении демографите предупредуваат дека Хрватска ќе доспее во оваа состојба, бидејќи демографските процеси релативно лесно можат да се следат и прогнозираат. Ние предвидувавме дека населението ќе старее и бројно ќе опаѓа, но не и дека ќе ги имаме сите овие дополнителни причини кои влијаат на тоа. Сега имаме просечно 10.000 луѓе помалку, а тоа во последните 20 години речиси е 200.000 луѓе. Кога ќе се погледне бројноста на хрватската популација лесно може да се заклучи колку е тоа загрижувачки и всушност не може да се надомести – објаснува др. сц. Живиќ.

Последица на тоа е процес на демографско стареење, но тој процес е уште потешко да се спречи или да се намали. Веќе сега имаме број на постари од 60 години поголем од населението помладо од 19 години, предупредува Живиќ: - Ќе биде се полошо. Ако опаѓа бројот на младите, тогаш за демографската иднина има се помалку и идни родители.

Лани во септември токму на овој тренд министерот Миранда Мрсиќ предупреди на Третиот работен собир за демографија одржан во ХАЗА и академикот Алисија Вертимер-Балетиќ: - Хрватската демографска слика, а овој пат зборуваме за работното население, повторно е катастрофална. Имаме еднаков број на жители како и во 1953 година со огромна разлика. Тогаш населението беше младо и работно способно. Дури седум отсто беа постари од 65 години. Денес тоа е 17 отсто, а тој број се зголемува. Понатаму, Хрватска веќе 150 години има емиграција поголема од имиграцијата и единствена земја сме со таква статистика. И според уште една негативност сме први во Унијата – во последните 20 години имаме константна депопулација, т.е. негативен природен прираст.

Ни објавите на Државниот завод за статистика не се ништо подобри. Неодамна ДЗС извести за тоа дека во 2013 година венчани се само 18.855 двојки, но и дека тоа е прва година со број на венчани под 20.000. Се развеле 6.288 двојки, според што 2013 година исто така е прва година во која бројот ја надмина границата од 6.000. Истовремено, помалиот број на бракови го намали и бројот на новородените, бидејќи 90 отсто деца се раѓаат во брак: лани се родени 40.690 деца, што е исто така блиску до неславни рекорди.

А од друга страна, може да ни недостига работна сила иако на изглед е парадоксално да се каже нешто такво во земја со над 350.000 невработени, што често се приближува кон бројката од 400.000.

- Да, звучи парадоксално. Но, ако ја погледнеме структурата на невработените, гледаме дека тоа се постари лица и дека има лоша квалификација на структурите, бидејќи има малку високо образовани. Ако и дојде до стопански раст на Хрватска, многу брзо ќе се најдеме пред проблемот од недостиг на стручна работна сила – вели др. сц. Живиќ.

На стареењето очигледно влијаат и општествените промени од кои некои ја менуваат хиерархијата на вредностите, што Живиќ го поткрепува со податоци за очигледно помалиот број на нови брачни заедници и родени деца. – Овие општествени вредности, брак и помалку деца, повеќе не се на врвот на вредностите.

Се промени традиционалниот однос кон бракот и се помал е интересот кај младите за влез во брак. А кога ќе се случи брак, тогаш на одлуката за помалку деца влијаат и стопанските околности, работата, станбеното прашање и низа други услови. Во брак денес се почесто повеќе не се влегува во млади години, туку во 30-тите години. Тогаш се одложува раѓање на деца. Затоа и тоа дете често останува само едно.

Едно од решенијата, всушност придонес за решение, може да биде паметна контролирана имиграциска политика. – Емиграцијата не можеме да ја спречиме, како впрочем и ниту една друга држава на светот. Дури и развиените, бидејќи луѓето заминуваат во уште поразвиени земи барајќи подобар живот. Значи, Хрватска треба да размисли за имиграциската политика и тоа за земјите кои економски се полоши од нас. Значи, треба да се знае кого и од кои региони и колку луѓе ќе се примат. Никако отворени, но ни затворени граници. Иако тоа е само дел од решението, бидејќи имиграцијата не може да ја замени внатрешната демографска политика – рече др. сц. Живиќ.

Во прилог на неговите тези зборува и податокот кој неодамна го објави Светска банка, т.е. проценката дека миграциската стапка на високо образувани граѓани во Хрватска изнесува неверојатни 29,4 отсто. Значи, заминуваат токму оние членови на општеството кои се најпотребни за стопанскиот раст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...