Турската опозиција обвинува дека ПРО на НАТО доставува информации на Израл

Анкара, 21 јули 2014 (МИА) - Радарот за рано предупредување од системот за противракетна одбрана на НАТО, лоциран во турскиот град Кјуреџик во окрухот Малатија предизвика полемики во Турција поради тврдењето на турската опозиција дека тој обезбедува информации за Израел.

Лидерот на најголемата опозициска партија Републиканска народна партија Кемал Калачдароглу изјави дека радарот симултано доставува информации на Израел. Според него Владата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган треба да ја стопира активноста на радарот ако сака да ги убеди Турците дека Анкара искрено ги поддржува Палестинците во Појасот газа.

Турското Министерство за надворешни работи вчера издаде соопштение во кое се тврди дека радарот на НАТО е искористен за „неосновани тврдења“ во Турција и оти Анкара „прави исклучителни напори за да стави крај на нападите на Израел во Газа и да обезебди трајно примирје“.

- Противракетниот систем на НАТО и радарот во Кјуреџик како дел од него обезбедуваат заштита на народите, териториите и силите на сојузничките држави, во кои спаѓа и Турција. Невозможно е системот да обезбедува заштита на некоја земја, која не е членка на НАТО. Како што е познато Израел не е членка на НАТО. Податоците обезбедени преку системот на НАТО се споделуваат меѓу сојузниците според досегашната методологија на НАТО. Не станува збор за споделување на таквите информации со земји кои не се сојузници на НАТО, изјави портпаролот на турското МНР Танџу Билгич.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...