Шариќ не може да каже ништо што би ме загрозило

Подгорица, 24 јули 2014 (МИА) - Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека нарко-босот Дарко Шариќ не може да каже ништо што би можело да го загрози него или земјата. 

На прашањето да ги прокоментира наводите од сослушувањето на Шариќ, во кои сведочи дека му бил понуден договор доколку го обвини црногорскиот премиер за што било, Ѓукановиќ истакна дека таа информација не го изненадила.

- Тоа не ме вознемирува, бидејќи дури и да постоел таков аранжман, не гледам дека некој од нив би можел да каже нешто што ќе претставува товар за Црна Гора или за мене лично, објасни Ѓукановиќ пред новинарите.

Тој истакна дека тоа не го изненадило бидејќи различни луѓе во претходните години раскажувале како добивале слични понуди од одредени безбедносни структури во Србија.

- Од формирањето на новата власт во Србија не регистрираме такви драстични негативни намери кон Црна Гора, ниту пак негативни тонови, нагласи црногорскиот премиер, истакнувајќи го напредокот во односите меѓу двете земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...