Атина, 29 јули 2014 (МИА) - Полицијата во Кукуш уапсила 47-годишен Србин по кој Интерпол има распишано потерница под обвинение за воени злосторства врз цивили.
Властите го лоцирале бегалецот во близина на Дојранското Езеро од грчка страна.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, уапсениот ќе биде изведен пред суд во Солун.