МКГ предлага создавање хрватски ентитет во БиХ

Сараево, 29 јули 2014 (МИА) - Меѓународната кризна група предлага реорганизација на Босна и Херцеговина во држава со три или четири територијални единици, што, според нea, би претставувало можност за излез од „актуелниот политички хаос“ во кој се наоѓа земјата.

Во извештај на Меѓународната кризна група (МКГ), што ја сочинуваат поранешни дипломати и експерти од повеќе области, се оценува дека треба да се преземе „внимателен пристап“ во формирање на трет ентитет, на босанските Хрвати и на четврт ентитет, кој би го опфатил реонот на Сараево.

Идејата за создавање на хрватски ентитет во БиХ беше промовирана уште во 2008 година со т.н. Прудски договор, со кој се предвидуваше Република Српска да опстои како ентитет во сегашните граници, а Федерацијата Босна и Херцеговина да се подели на доминантно - бошњачки ентитет и на доминантно хрватски ентитет, односно Херцег-Босна.

Но тогаш, мнозинството лидери на Бошњаците категорично се спротивставија на идејата за територијална реорганизација на државата која би опфатила поделба на Федерацијата БиХ и Прудскиот договор пропадна.

- Прудскиот договор би можел да биде прифатлива основа за новото уставно уредување (на БиХ) и би претставувал голем напредок во однос на сегашниот статус кво, се наведува во документот на МКГ, со оценка дека нема ништо спорно во идејата за формирање на хрватски ентитет, бидејќи на тој начин би се решиле многу досегашни проблеми во односите на релација кантони-ентитети-држава.

Меѓународната кризна група смета дека создавањето на трет ентитет би можел да води кон побрзо помирување меѓу народите во БиХ и до рационализација на државната управа.

Предлогот за трансформација на Бих во држава со три ентитети засега наидува на противење само меѓу бошњачките партии, додека сите останати елементи говорат во прилог на ваквата иницијатива, што претставува можност за внатрешна реконструкција на БиХ и создавање на ефикасна држава, смета МКГ која важи за неформална тинк-танк организација на американсиот Стејт департмент.

Поранешниот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, босанскиот Хрват Иво Миро Јовиќ вели дека идејата на Меѓународната кризна група има свои приврзаници и во Европскиот Парламент, кои уште во февруари подготвиле резолуција во која се проценува дека во БиХ би можело да биде остварен напредок единствено со рамноправност на сите народи.

Осврнувајќи се на предлогот на МКГ сараевскиот политички аналитичар Срѓан Вукадиновиќ нагласува дека странците и меѓународната заедница најмалку можат да понудат решение за БиХ, бидејќи всушност тие се и творците на „катастрофата и катаклизмата“ во која се наоѓа земјата.

- Тие намерно направија држава со грешка и сега само се вртиме во круг. Решение за БиХ можат да понудат и да најдат само нејзините народи и босанско-херцеговските политички елити. Не може да остварите резултати ако некого со виткање на раката го принудувате да прифати некаков предлог. За жал, кај нас има многу партии кои водат само монолог и не сакаат дијалог со другите. (На изборите) во октомври ќе имаме можност некого да поддржиме или да го испратиме ма ѓубриштето на историјата, наведува Вукадиновиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...