Тврдењата на Вилијамсон се изненадување

Цирих, 30 јули 2014 (МИА) - Поранешниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, денеска изјави дека извештајот на обвинителот Клинт Вилијамсон за извршени воени злосторства во Косово, претставува изненадување за западните Влади.

Во интервју за швајцарското национално радио, Марти рече дека извештајот на Вилијамсон за работата на специјалниот истражен тим за трговијата со човечки органи во Косово во 1999 година, што беше објавен вчера, претставува пријатно изненадување.

Тој истакна дека пред три години, кога тимот на Вилијамсон ја почна својата истрага, никој не верувал дека тој ќе открие нешто и никој не ни помислувал оти ќе биде формиран специјален суд за воените злосторства во Косово.

- Вилијмсон зборуваше за злосторства против човештвото, знаејќи што се подразбира под таа формулација, изјави Марти, додавајќи дека било многу тешко да се изнесат докази, затоа што сведоците немаат доверба во косовското и во меѓународното правосудство, честопати биле заплашувани, а некои од нив и исчезнале.

Марти го сподели оптимизмот на Вилијамсон за тоа дека ќе бидат најдени докази за трговијата со човечки органи.

Тимот на Вилијамсон беше формиран во 2011 година за да спроведе независна истрага за тврдењата во извештајот на Дик Марти пред Советот на Европа дека имало трговијата со човечки органи во Косово во 1999 и 2000 година. Марти во својот извештај обвини неколку поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), вклучувајќи го и косовскиот премиер Хашим Тачи, дека се одговорни за грабнувања и убиствата на стотици цивили Срби, Роми и „нелојални“ Албанци, од кои некои биле одведени во т.н. „жолта куќа“ во Албанија, каде им биле вадени органите и потоа продавани на црниот пазар.

Вилијамсон изјави дека не се откриени доволно докази за покренување обвиненија за трговијата со органи, но дека има докази за воени злосторства.

- Тој зборуваше за злосторства против човештвото, за измачувања. Јас никогаш во преден план не ја ставав трговијата со органи. Зборував за некои случаи, а Вилијамсон дојде до истиот резултат, рече Марти.

И покрај тоа што Вилијамсон не спомена никакви имиња, Марти потенцира дека за него е јасно кој е виновен за злосторствата.

- Досега врските меѓу високата политика и организираниот криминал (во Косово) беа толку големи што не можеше да се изгради една нормална власт, а голема одговорност за тоа им и меѓународната заедница, изјави Марти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...