Санкциите на ЕУ против Русија ќе и наштетат на грчката економија

Атина, 1 август 2014 (МИА) – Санкциите на ЕУ против Русија негативно ќе влијаат на грчката економија, оцени денеска шефот на Грчката конфедерација на комори (ЕСЕЕ) Василис Кордикис.

Грција може да не биде во можност да купи ништо од она што е вклучено во забраните на ЕУ, посочи Коркидис, но на руските фирми може да им продава сезонски производи, како што се зеленчукот и овошјето кои имаат кусо време на производство, транспорт и потрошувачки  циклус, јавува дописникот на МИА од Атина.

Според Коркидис, секоја акција предизвикува реакција и за жал реакцијата на Русија ќе биде на сметка на економски послабите земји на ЕУ и затоа Грција тоа веднаш ќе го почувствува во областа на билатералната трговија, патниот транспорт и енергија, како и во туризмот на долг рок.

- Ефективна интервенција на нашата економска дипломатија за политичко решение на највисоко ниво сега е од суштинско значење за да се надмине кризата во грчко-руските економски односи и да се спречи руски ембарго за нашата земја, истакна тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...