Хрватска го продава Голи Оток

Загреб, 1 август 2014 (МИА) – Меѓу 100  имоти во државна сопственост кои Државната канцеларија за управување со државен имот одлучи да ги продаде или изнајми, се и поранешниот логор на Голи Оток и некогашната политичка школа во Кумровец, објави Јутарњи лист.

Сите заинтересирани може до 15 септември да достават идеја за нивната пренамена.

Некогашниот озогласен логор за Информбировци на Голи Оток, чии запуштени згради и други објекти се на површина од 4.500 кв/метри, со години пропаѓаат.

– Сакаме да обезбедиме услови на Голи Оток да се направи меморијално-туристички комплекс. Таму има делови кои се предвидени за туризам. Но, не е поентата во тоа ние како државно тело да предлагаме како да се стават во функција тие објекти, изјави Младен Пејновиќ директор на Државната канцеларија.

Тој додава дека на Голи Оток како и секаде каде се нудат државни недвижнини, ќе може да се работи во согласност со просторните планови и оти недвижниот имот ќе се продава или изнајмува.

Парламентарниот Одбор за човекови права на предлог на поранешните логораши „Анте Земљар“, пред пет години покренаа иницијатива да се донесе посебен закон за Спомен подрачје Голи Оток. Министерството за култура соопшти во почетокот на годината дека немаат пари за формирање и одржување такво спомен обележје, потсетува Јутарњи лист.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...