Втората република и ѓуленистите

Сега е ред „ѓуленистите“ да бидат елиминирани од административниот апарaт и да бидат лишени од секаква сoцијална и економска власт на патот на Турција кон „вториот еднопартиски период“. Оваа земја никогаш немала пристојни демократски механизми на контрола меѓу властите; и после се, политичката власт никогаш не била толку монополистичка, уште откако беше ставен крај на еднопартиското управување во 50-ите години од минатиот век и ако го исклучиме военото управување во периодот 1980-1983 година.

Недостигот на поврзаност меѓу политичките партии го поплочи патот кон некаков вид „де факто поделба на власта“, но не толку и поделбата на власта на законодавна, извршна и судска. Дури откако владејачката Партија на правдата и развојот (ППР) дојде на власт на изборите во 2002 година, таа успеа да ја монополизира политичката власт на невиден начин; сега последната битка е да се избори со „ѓаволот однатре“ на патот кон апсолутна власт во владеењето на премерот Реџеп Тајип Ердоган.

Всушност, првпат сите конзервативни кругови и исламисти ги обединија силите во 2002 година. Ѓуленистите беа највлијателни од сите умерени кругови, затоа што беа добро организирани, посебно во политичката сила и во судството, и беа лојални сојузници на државата, посебно за време на воените години во 80-ите, додека истовремено пројавуваа силна националистичка наклонетост.

- Зошто ѓуленистите се одвоија од владејачките структури во претходното статус кво, е друго комплицирано прашање, но во крајна сметка тие беа главната сила зад владата на ППР во борбата против секуларистичката армија и судската хегемонија. Откако борбата заврши, Ердоан реши да ја елиминира и последната пречка на својот пат. Тоа пред се и најважно е борба за власт, но постојат и разидувања во разбирањето на конзервативизмот, надворешната политика и за прашањето со курдите. Имено, прашањето за курдите и противењето на ѓуленистите против мировниот процес му обезбедија на Ердоган многу точки кои тој ги искористи на многу итар начин.

Последниот чекор против ѓуленистите изгледа не е само одмазда по која Ердоган е познат, туку се изразува и како акт за решавање на курдскиот мировен процес. Ердоган го нарекува движењето на Ѓулен „паралелна држава“, и го обвинува за сите злодела во минатото; на крајот тие се претворија во идеално жртвено јагне за процесите против Сојузот на курдските општини (градското крило на Курдската работничка партија ПКК) кое го бранат курдски политичари. Сигурно е дека таквото дејствување доведе до социјални затегнатости, но на крајот Ердоган е свесен дека тоа нема да го чини никаква политичка цена затоа што знае дека ѓуленистите ќе гласаат против него, и дека за него најважен е гласот на конзервативните курди. Освен тоа, Ердоган може да ги искористи и националистичките реакции за таа „операција“, според кои „некои членови патриоти во полициските сили се третирани како непријатели, додека владата преговара со терористите“. Слични реакции не само што ќе ја подигнат вредноста на овие повеќе мирни обиди на Ердоган во очите на курдите, туку и ќе ги потсетат дека и тие треба да ја спуштат летвичката на своите очекувања.

„Втората република“ беше слоганот со кои либералите повикуваа на промени кон подемократски политички систем на почетокот на 90-ите. Всушност, „Втората република“ е во целосно завршна фаза, но таа многу слично ги повторува обидите на „Првата република“. Првата беше создадена од еден човек, имаше еднопартиско управување со тврда официјална идеологија, додека втората ги следи нејзините чекори: еден човек, една партија, една идеологија. Првата имаше многу внатрешни и надворешни непријатели, втората нема помалку такви. Првата беше клаустрофобична, втората е дури и уште повеќе, откако времињата се променија и стана уште подепресивно да се живее под железна тупаница.

Хуриет дејли њуз - Истанбул



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...