Ердоган прогласи победа на претседателските избори во Турција

Анкара, 11 август 2014 (МИА) - Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и кандидат на владејачката Партија на правдата и развојот вчера прогласи победа на првите директни претседателски избори во Турција.

- И благодарам на нацијата што ме назначи за 12. претседател на Турската република, изјави Ердоган пред илјадници негови приврзаници, во првото обраќање како новоизбран шеф на државата од балконот на седиштето на владејачката партија во Анкара.

- Им благодарам на сите, кои денеска дојдоа во избирачките места. Денеска победи нацијата. Победија и оние, кои не гласаа за мене, додаде синоќа Ердоган.

- Ние завршуваме со една ера и влегуваме во нова. Јас ќе бидам претседател на 77 милиони Турци, а не само на оние кои гласаа за мене, истакна тој.

Ердоган во првото обраќање по победата упати порака за единство и социјално помирување.

Тој истакна дека опозициските партии треба да се откажат од досегашниот стил на комуникација со владејачката партија и да почнат да бараат компромиси.

- Верувам дека опозицијата по денешниот ден ќе ја преразгледа својата политика и ќе се промени согласно ликот на новата Турција. Да почнеме нов процес на постигнување општествена согласност, да ги оставиме несогласувањата и тензиите во минатото, додаде Ердоган.

Тој потсети дека од 2002 година, кога Партијата на правдата и развојот дошла на власт, победила на девет избори.

Централната изборна комисија соопшти по пребројувањето на речиси сто отсто од гласачките ливчиња дека Ердоган победил со апсолутно мнозинство, 51,75 отсто.

Кандидатот на двете главни опозициски партии во Турција за претседателските избори, професорот Екмеледин Ихсаноглу го призна поразот на изборите.

Ихсаноглу му честита на Ердоган за победата и му посака успех во кусото обраќање пред новинарите во Истанбул.

Според неофицијалните резултати Ихсаноглу освои околу 40 отсто од гласовите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...