Легализацијата на проституцијата – меч со две острици

Легализацијата на проституцијата е нешто со што Црна Гора мора да се соочи, нешто што е реалност – смета социологот Срѓан Вукадиновиќ за темата која во последно време е актуелна во Црна Гора.

Дали тој чекор ќе биде од корист и дали црногорското општество воопшто е подготвено за легализација на најстариот занает, Вукадиновиќ за подгоричко радио Антена М предупредува дека тоа во Црна Гора се уште е табу тема.

- Никакви санкции не е нешто што ќе биде решение. Единствено отворена дебата и отворена тема е клуч за решението – смета експертот.

Кога се работи за проституцијата, додава тој, не се проблем лица кои се занимаваат со тоа, туку проблем се лица кои се посредници во тој чин, па легализацијата е нешто што ќе го отстрани основниот проблем – макроата.

- Мислам дека легализацијата на проституцијата е нешто со што Црна Гора мора да се соочи, нешто што е реалност. Системот треба да функционира, актерите на тој процес да бидат контролирани од државата било здравствено, било на некој друг начин – порача Вукадиновиќ.

Меѓутоа, така не смета Лилјана Раичевиќ од Безбедната женска куќа СЖК и наведува дека, занимавајќи се со прашањето дали да се легализира проституцијата, дошле до податоци дека Германија, Холандија и останатите земји кои го направиле тоа не се баш задоволни како тој процес резултирал.

Како што додаде таа, СЖК составила листа од десет причини против легализација на проституцијата верувајќи дека тоа би било подарок на сите макроа, препродавачи во секс индустријата, како и дека не донесува контрола на секс индустријата, туку ја зголемува.
Меѓу наведените причини се и дека легализацијата ја зголемува тајноста на скриената, нелегална и детска проституција, не ги заштитува жените и не го промовира нивното здравје, а ја зголемува и побарувачката за проституција...

Вукадиновиќ додава дека легализацијата, сепак, не е решение за т.н. елитна проституција. – Црна Гора е исклучително подрачје за тој вид на проституцијата. Во сверата на елитната проституција не е можно да се разоткријат сите фактори и актери на тој процес, бидејќи тоа се работи за големи пари – заклучува Вукадиновиќ.

Танјуг - Белград



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...