Судот одлучи уривање на три висококатници во Истанбул

Истанбул, 20 август 2014 (МИА) - Турскиот државен совет (виш административен суд) ја потврди судската одлука за уривање на висококатниците, кои ја нарушуваат панорамата на историскиот центар на Истанбул.

Државниот совет ја отфрли жалбата на претходната судска одлука за отстранување на висококатниците во истанбулскиот кварт Зејтинбурну.

Адвокатот Џихат Ѓокдемир изјави дека локалните власти мора да ја почитуваат одлуката на Државниот совет.

- Одлуката на Државниот совет е обврзувачка и конечна. Сите судски патишта се исцрпени и нема можност за жалба. Очекуваме општината најбрзо да почне да ја почитува одлуката, посочи Ѓокдемир.

Станбените згради високи 37, 32 и 27 ката, изградени на брегот на Мраморно Море се издигаат над историската џамија Сулејмание што предизвика незадоволство на јавноста. Во април 2013 година кон критиките се приклучи и премиерот Реџеп Таип Ердоган.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...