Семејствата на исчезнати босански Срби ја тужат БиХ пред Судот во Стразбур

Бања Лука, 20 август 2014 (МИА) - Семејствата на 88 исчезнати борци и цивили од Република Српска до Европскиот суд за човекови права во Стразбур поднесоа тужба против Босна и Херцеговина, бидејќи надлежните органи ниту до денес не успеале да ги пронајдат нивните роднини.

Тужбата по повеќе најави е поднесена на 11 август, во обид Меѓународниот суд да ги принуди властите на БиХ конечно да ја откријат судбината на исчезнатите босански Срби, пишува бањалучкиот весник „Глас Српске“.

Пред да се одлучат на овој чекор, семејствата ги исцрпеле сите правни лекови пред надлежните тела во БиХ. Според најавит, ова ќе биде прва во серијата тужби, кои по таа основа ќе бидат поднесени до Судот во Стразбур. 

На иницијатива на претседателот на Народното собрание на српскиот ентите во БиХ, Игор Радојичиќ, сите активности во врска со поднесувањето на тужбата ќе ги води Републичката огранизација на семејствата на заробените и загинатите борци и исчезнати цивили на Република Српска. 

Според една од тужбите, во која весникот имал увид, станува збор за образец на однесување, кој властите на БиХ го применувале во такви случаи. Имено според тој образец, Уставниот суд на БиХ им наложувал на властите на да ја утврдат судбината на одредено лице, но тие не преземале ништо. Потоа Судот носел решение за неизвршување на својата одлука, кое го проследувал пред Обвинителството на БиХ, кое исто така таквите случаи ги оставало неразјаснети. 

Некои семејства трагаат по своите блиски и по дваесетина години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...