Мајка од Приштина си го бара 8-годишното дете кое е во војната во Сирија

Приштина, 27 август 2014 (МИА) - Вклученоста на Косовците во војната во Сирија добива загиржувачки размери, констатира приштинскиот портал Коха.нет, при тоа пренесувајќи ја потресната приказна на Пранвера Абази (30) од Приштина чие осумгодишно дете,Ерион, од прегратките и го отргнал сопругот Арбен,кој пред два месеца заминал за Сирија.

На фотографијата која ја пренесува порталот, малиот Едион е во друштво со борците на ИДИЛ.

Мајката со сета своја сила бара да единственото чедо што го има да и го врати дома.

- Ерион кој треба оваа учебна година да виде третодделенец е во Сирија. Него со себе го одвел родениот татко, кој заминал да се бори за ИДИЛ. Мајката е во шок, пренесува порталот.

Таа низ солзи разкажува дека сопругот ја измамил велејќи и дека со детето ќе одат на неколку дена во Ругово. Недела дена потоа тој и пуштил порака дека се во Сирија.

-Никогаш не можев да си помислам дека со себе ќе го земе и детето.За него знаев зашто покажуваше знаци за тоа со неговото однесување. Со Ерин само еднаш сме се чуле на телефон, вели мајката.

Како Ерион има уште многу косовски деца во Сирија, кои таму се заминати со семејствата. Медиумите недомана јавија дека има и повеќе од 40 деца од Албанија. Оние на возраст од 12-13 години се дел од борбената линија. Во меѓувреме, уште еден косовец загина на тамошните боишта. Станува збор за Миѓен Халил Латифи (25) од селото Клодернице кај Скендерај(Србица), со што официјалната бројка на убиени Косовци се искачи на 38.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...