Јоксимовиќ: Нема да има мировен договор меѓу Србија и Косово

Белград, 2 септември 2014 (МИА) - Министерот без портфељ во српската Влада задолжена за европските интеграции, Јадранка Јоксимовиќ, денеска изјави дека резултат од бриселскиот дијалог „"нема да биде мировен договор меѓу Србија и Косово“.

Јоксимовиќ оцени дека изјавата на косовскиот премиер на заминување Хашим Тачи, дека Косово и Србија треба наскоро да потпишат меѓудржавен мировен договор како вовод за втората фаза од дијалогот, повеќе е „наменета за внатрешната јавност“.

- Ми се чини дека, заради различните политички околности во Приштина, таквата изјава е повеќе наменета за нивната јавност и внатрешнополитичките случувања, рече таа во изјава за Танјуг и повтори дека крајниот резултат од дијалогот меѓу Белград и Приштина нема да биде мировен договор.

- Тоа не е форма која на кој било  начин е предвидена и затоа дијалогот и постои. Ниту ние, ниту некоја друга страна веројатно не би учествувале во нешто за што однапред ќе се знае каков ќе биде крајниот резултат, наведува таа.

Јоксимовиќ истакна дека за Белград бриселскиот дијалог е „најприфатливата форма во обидот да се пронајде решението кое, пред се, ќе ги задоволи интересите на нашата заедница на Косово“.

- Тоа што ние го гледаме како најважно е тоа да ги заштитиме и промовираме суштинските прашања од дневниот живот на нашите граѓани и тоа што за нив е најважно, рече  министерката заклучувајќи дека е тоа суштината, а не политичкото посакување на некоја форма, што едноставно „не е тема за нас“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...