Конфискувана голема количина на пари во куќата на имамот Красниќи

Приштина, 18 септември 2014 (МИА) – Косовската полиција при претрес во куќата на имамот на Големата џамија во Приштина, Шефќет Красниќи, конфискувала голема сума на пари.

Како што пренесуваат косовските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, конфискувани се 8 илјади евра, над 7 илјади швајцарски франци, 2.300 американски долари, голема количина на денари чиј точен износ не се знае, голема количина на арапски монети и пакистански рупии,како и друга странска валута како и повеќе документи издадени на негово име од Република Србија.

Красниќи беше уапсен вчера во акцијата на полицијата заедно со уште единаесет имами и три други лица.

Нему вчера попладне му беше изречена мерка 24 часовен притвор. Неговиот адвокат Бајрам Тмава, за весникот „Експрес“ потврдил дека Красниќи се товари за перење пари и додал дека доказите кои ги приложило обвинителството не држат .



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...