„Велт“ објави тврдења дека

Турција тајно разработува нуклеарно оружје

Анкара/Берлин, 23 септември 2014 (МИА) - Тврдења дека Турција тајно разработува нуклеарно оружје, се појавија во германскиот печат. Во напис на весникот „Велт“, се тврди дека тоа е една од причините поради кои германското разузнавање ја шпионирало Турција.

„Велт“ тврди дека можно е Турција да добила технички податоци, потребни за создавање атомска бомба, од Пакистан.

Според авторот на текстот, во периодот од 1987 до 2002 година, Турците учествувале во дејностите на пакистанскиот нуклеарен физичар Абдул Кадир Хан за пренесување на илјадници центрифуги во Либија, Иран и Северна Кореја.

Во текстот се тврди дека одлучноста на Анкара да се здобие со нуклеарно оружје била една од причините Германската служба за надворешно разузнавање (БНД) да ја следи Турција.

„Велт“ наведува дека според информации на БНД во 2010 година по налог на Ердоган бил изграден комплекс за збогатување ураниум, како и оти Турција располага со големо количество центрифуги, кои потекнуваат веројатно од Пакистан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...