Припадниците на ИД користат српска муниција

Белград, 6 октомври 2014 (МИА) - По Кина и поранешниот СССР, САД и Русија, Cрбија се наоѓа на петтото место од 21 земја чија муниција ја користат припадниците на групата Исламска држава во Сирија и Ирак, се наведува во извештајот на истражувачката група „Конфликт Арамент Рисрч“.

Инаку, како што јави Танјуг, српската муницијата што ја користи ИД, е произведена во периодот од 1945, па се до 2014 година, иако најголемиот дел потекнува од периодот од 1970 до 2000 година.

Од повеќе 1.730 типови на муниција што ја користат припадниците на ИД, 142 се српски, 445 кинески, 338 советски, 323 американски, но не заостанува ни Русија од потекнуваат 154, се додава во извештајот.

Кога би се земала предвид, муницијата што ја користи ИД произведена од 2010 година, па досега, Србија е на четвртото место по Бугарија, Кина и Турција, стои во споменатиот извештај.

Српската муниција што ја користи ИД, потекнува од фабриката „Први партизан“ од Ужице, која е снабдувач со оружје и на српската војска и полиција, како и на многу армии ширум светот. Фабриката „Први партизан“ воедно произведува и ловечки пушки и спортска муниција, која се продава ширум светот, истакнува во својот извештај „Конфликт Армамент Рисрч“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...