„Вечерње новости“: Брисел лут поради парадата и Путин?

Белград, 19 октомври 2014 (МИА) - Не е исклучена можноста по посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Србија, во Белград повторно да пристигне нота од Брисел за очекувањата на Европската унија, пишува весникот „Вечерње новости“.

- Брисел по посетата на Путин на Белград ќе го зајакне притисокот врз Србија, со цел да не дојде до зголемување на српскиот извоз за Русија. Затоа не е исклулчена можноста следните денови на адреса на српските власти повторно да стигне бриселска нота, со која нашите функционери уште еднаш ќе бидат потсетени на очекувањата на ЕУ, изјавија дипломатски извори за весникот.

Официјалните изјави од ЕУ по посетата на Путин беа мошне благи, но неформални дипломатски канали веќе испратиле порака дека предупредувањето на Брисел би можело да добие поостар тон, во вид на демарш, во кој изрично ќе се бара Србија да не го прекршува ембаргото, кое европските земји го воведоа кон Русија, пишува „Вечерње новости“.

Првата опомена Србија веќе ја доби во август, кога на премиерот Александар Вучиќ во Обреновац му беше врачен т.н. ед мемоар со инструкции за извоз во Русија.

Според информациите, до кои дошол весникот, „црвената сијаличка“ во врвот на ЕУ ја запалила изјавата на Путин дека за српското стопанство е поволен момент да добие подобро место на рускиот пазар. Тој изјави дека српскиот земјоделски сектор во моментов во Русија извезува стока вредна околу 150 милиони долари, но оти вредноста мошне брзо може да достигне 500 милиони.

Весникот додава дека Брисел од друга страна е задоволен со тоа што Вучиќ во присуство на Путин уште еднаш потврдил дека Србија останува на европскиот пат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...