„Информер“:

Дронот во Белград го лансирал Албанец од Италија

Белград, 20 окотмври 2014 (МИА) - Дронот со знамето на Голема Албанија, кој беше причини за инцидентот и прекинот на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија во Белград, го лансирал 32-годишниот Албанец, Исмаиљ Моринај, кој живее во Италија, тврди белградскиот весник „Информер“.

Во своето денешно издание, весникот наведува дека Моринај, кој се занимава со алпинизам, го поставил дронот на куполата на црквата „Св. Архангел Гаврил“ и од таму го лансирал кон стадионот на „Партизан“.

Според „Информер“, Моринај влегол во Србија на 11 октомври со автомобил со италијански регистарски таблички и се сместил во еден хостел во близина на стадионот, каде се идентификувал со италијанска лична карта.  

Весникот тврди дека веднаш по натпреварот на 14 октомври, Моринај побегнал од Србија, но дека во текот на викендов бил идентификуван и лоциран од страна на српската полиција, која преку Интерпол распишала потерница по него.

Постојат сознанија дека Моринај и братот на албанскиот премиер Еди Рама, Олси се познаваат одамна и тоа доста добро и дека заедно во детали ја испланирале акцијата за уфрлање на дронот на стадионот со цел да предизвикаат нереди, наведува весникот.

Според „Информер“, откако Моринај го „довел“ дронот до стадионот, контрола врз леталото презел Олси Рама, кој бил сместен во една од ложите и од таму управувал со него преку апликација инсталирана на неговиот Ајфон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...