Истрага против високи српски полициски претставници за палењето на западните амбасади во Белград во 2008 година

Белград, 21 октомври 2014 (МИА) - Вишото обвинителство во Белград во следните денови ќе поднесе барње за отпочнување кривично гонење на одговорни претставници на Министерството за внатрешни работи на Србија, затоа што не ги обезбедиле странските амбасади за време на митингот „Косово е Србија“ во 2008 година, кога Косово ја прогласи својата независност, соопшти весникот „Данас“.

Меѓу осомничените се наоѓаат тројца полициски генерали: Стеван Бјелиќ, Боривое Тешиќ и Младен Курибак, како и поранешниот началник на полициската управа во Белград Слободан Вуколиќ.

Директорот на српската полиција, Милорад Вељович, не е меѓу осомничените, посочува „Данас“.

Весникот додава дека на списокот фигурираат уште имињата на петмина раководители на МВР. Сите се обвинети за пропусти во работата и создавање јавна опасност, што за последица го имало палењето на амбасадите на САД и Германија. Во пожарот во американската Амбасада загина еден човек.

Боривоје Тешиќ, поранешен командант на жандармеријата и еден од осомничените, неодамна за „Данас“ ја негираше својата одговорност за насилствата, потенцирајќи дека во ноќта на митингот бил исклучен од синџирот на командување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...