Нема да има нови членки во ЕУ до 2019 година

Стразбур, 22 октомври 2014 (МИА) - Претставувајќи ја програмата и составот на Европската комисија и доделените ресори во неа, нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер уште еднаш нагласи дека е невозможно да бидат примени нови земји-членки во ЕУ во идните пет години, односно до крајот на мандатот на Комисијата во 2019 година, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Именувањето на „комесар за преговори за проширување“, Јункер го објасни со фактот дека тоа било побарано од дел од комисиите на Европскиот парламент и од дебатата која ја водел „тој лично самиот со себе“.

- Не сакам да ги излажам луѓето, ниту народите. Не треба да им даваме впечаток на земјите кандидати дека можат да станат членки во идните пет години. Нема да има нови членки во текот на овој мандат. Тоа е невозможно, рече Јункер.

Пропратен со аплаузи, тој нагласи дека „не треба да се раскажуваат приказни“. - Не треба да им оставиме да веруваат на тие што чекаат да станат членки, дека тоа може да се случи во следните пет години. Но, евидентно преговорите за проширување ќе продолжат со ист елан и жестина и ангажирање, како што беше досега. Се додека е тоа можно, потенцира Јункер.

- Сакам да ги поздравам земјите-кандидати за членство во ЕУ, велејќи им дека преговорите ќе бидат забрзани, но не е реално тие да бидат завршени до 2019 година, беше дециден Јункер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...