Сега е клучен момент за балканскиот регион

Тирана, 22 октомври 2014 (МИА) - Американскиот сенатор Крис Марфи на крајот на својата посета на неколку земји од Западен Балкан, изјави дека го напушта регионот со јасна цел дека ќе се заложи за поголем ангажман на САД во „овој клучен момент за регионот“.  

Според Марфи, минатонеделниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија јасно укажува на актуелните предизвици во регионот на Западен Балкан.

Во интервју за програмата на Гласот на Америка на албански јазик, Марфи нагласи дека очекува премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Александар Вучиќ сепак да се сретнат, да се ракуваат и да покажат дека еден инцидент на фудбалските хулигани не може да стои на патот на процесот на помирување во регионот. 

- Ова е важен момент... кога ќе се случи инцидент како оној во Белград, политичките лидери и обичните луѓе треба да седнат и да разговараат и споровите да ги решаваат со комуницирање, наместо со провокации и насилство. Затоа симболиката на таа средба е поголема од кога било досега, смета Марфи.

Говорејќи за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Белград, американскиот сенатор оценува дека таа не им наштетила на односите меѓу Србија и САД. Според него, Путин си заминал од Белград разочаран затоа што се надевал дека Србија ќе го потпише договорот за почеток на изградбата на гасоводот „Јужен поток“, што не се случи.

-  Доколку Србија продолжи со реализација на проектот „Јужен поток“ спротивно од правилата на ЕУ, тоа би влијаело и врз нејзините односи со Вашингтон, заклучува Марфи во интервјуто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...