Домашните џихадисти му се закануват на Балканот

Подгорица, 22 октомври 2014 (МИА) - Учеството на граѓаните од земјите на регионот на Балканот во борбите на групацијата Исламска држава може да предизвикаат сериозни проблеми на Балканот, оцени денеска црногорскиот министер за правда Душко Марковиќ. 

- Знаеме дека дел од црногорските граѓани учествуваат во разни групи, кои се активни во борбите на Блискиот Исток, но тој број засега е незначителен. Доколку зборуваме за регионот во целина, таа бројка е многу поголема и може да предизвика бројни проблеми на Балканот, рече Марковиќ.

Тој истакна дека е мошне важно да се реагира веднаш, со цел тој проблем да се неутрализира. 

- Неколку земји во регионот веќе најавија нови измени на Кривичниот законик, а ние тоа го сторивме по резолуцијата на Обединетите нации за ИД во септември. Деновиве ќе организираме јавна расправа за тој закон, кој би ги казнил не само луѓето од Црна Гора, кои се борат на тие бојни полиња, туку и тие кои им го организираат патот, прецизираше Марковиќ. 

Тој меѓутоа укажа дека усвојувањето на законит е само еден дел од решението на тој проблем. 

- Мораме да гарантираме силна институционална рамка за здравиот дел од исламската заедница на Балканот, со цел да го спречиме просторот за екстремистите. Акцијата не може да биде само легислативна, туку и политичка, смета Марковиќ. 

- Создавање на исламска држава е опасност не само за Европа, туку и за целиот демократски свет, па реакциите не сметат да бидат само воени, туку и политички, социјални и економски, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...