ЕУ очекува од Албанија одговорен однос во врска со преземените обврски

Тирана, 31 октомври 2014 (МИА) - Компромис и конструктивен дијалог е пораката на ЕУ до Албанија, изјави во Брисел претставник на Европската комисија.

- Очигледно е дека секое дејствие на Албанија во моментот ја формира претставата за неа во странство, рече претставникот на Комисијата, додавајќи дека ЕУ одблизу ја следи земјата од јуни досега и очекува ист одговорен однос во врска со преземените обврски и дадените ветувања.

Албанија се наоѓа во режим на присоединување кон ЕУ од јуни, но напнатоста во Парламентот меѓу Владата на премиерот Еди Рама и опозицијата ја попречува работата на европските институции, кои требаше да решат дали земјата ги исполнува условите, за да може консултациите со неа да преминат на друга етапа.

Обновувањето на политичкиот дијалог и независноста на судството се главни критериуми за присоединување на Албанија кон ЕУ, рече претставник на Комисијата, пренесе БТА.

Тој појасни дека не се очекува никаква промена во условите за членство на Албанија од страна на новата ЕК, која ја презема функцијата од 1 ноември под претседателство на Жан-Клод Јункер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...