Шешељ:

Во Србија ќе дојдам за да се одмаздам

Хаг, 7 ноември 2014 (МИА) - Ако дојдам во Србија нема да се занимавам со своето лекување, туку сите сили ќе ги насочам кон одмазда, изјави лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, за кого Хашкиот трибунал синоќа донел одлука да биде пуштен на привремена слобода поради лекување.

Белградскиот весник „Блиц“ пишува дека Шешељ ваквите закани ги изнел пред српските дипломати во Хаг, додавајќи дека нема да прифати ничии гаранции, ниту било какви условувања. Единствено за што бил заинтересиран е тоа дека Трибуналот ќе го ослободи и пушти дома.

Советот на Хашкиот трибунал синоќа донел одлука Шешељ да биде пуштен на привремена слобода поради здравствени причини. Српската Влада повторно дала условни гаранции за пуштањето на Шешељ, со што одговорила на итното барање на судот во Хаг.

Привременото ослободување на Шешељ било образложено од страна на судот со неговата влошена здравствена состојба, за која минатата недела зборувале српските лекари кои го посетиле во Трибуналот.

На Воислав Шешељ му се суди за извршени злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војување во Хрватска и БиХ, но и за дела извршени во Војводина во периодот од 1991 до 1993 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...