Бандиќ ја плати кауцијата од два милиони евра

Загреб, 19 ноември 2014 (МИА) - Загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ уплати кауција од 15 милиони куни (околу два милиони евра) и пред истражниот судија вети дека нема да влијае врз сведоците и ќе ја извршува должноста. Тој вечерва ќе излезе од затворот во Реметинец.

Со него на слобода ќе излезат сите осомничени во аферата „Аграм“, освен сопственикот на компанијата „Брамград проект“ Бранко Михалјевиќ, кој наместо готовина сака да заложи недвижности вредни околу седум милиони куни. Тој ќе остане во истражниот затвор.

Според условите за излегување од Реметинец, Бандиќ на слобода нема да смее да контактира со сведоците ниту да ја извршува функцијата градоначалник, но како ќе се спроведуваат претпазливите мерки во практика, се уште не е познато, бидејќи за тоа нема јасни прописи.

Бандиќ се сомничи дека го оштетил градот со кој управувал 12 години, освен во случајот поврзан со претседателската изборна кампања каде поради неплаќање даноци на донации по изборите во 2010, наводно го оштетил и Државниот буџет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...