Караџаферис пред обвинител поради лажна изјава за имот

Атина, 20 ноември 2014 (МИА) - Парламентарниот Комитет за ревизија на партиите и финансиите на пратениците во Грција едногласно одлучи лидерот на популистичката екстремно десничарска партија Лаос, Јоргос Караџаферис, да биде изведен пред надлежен обвинител поради лажна изјава за имот и нелегално учество во оф-шор компанија.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Комитетот исто така побара понатамошна истрага со цел да се конфискува сума од 1,65 милиони евра, која завршила на сметката на „Каталина ЛТД“, оф-шор компанија на Караџаферис. Се претпоставува дека лидерот на Лаос ги добил овие пари како мито во врска со купување на хеликоптери „Супер Пума“.

Во меѓувреме, портпаролот на партијата Независни Грци, Марина Хрисовелони пред Комитетот за ревизија изјави дека Караџаферис, исто така, поседува една третина од оф-шор компанијата „Дек Рок Лимитед“.

Комитетот исто така, одлучи подетално да се проверат и поранешните пратеници Аристидес Циплакос од Нова демократија и Телемахус Цитирис од Пасок за недоследности во нивните изјави за имот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...