Косово многу брзо ќе добие Влада, а Тачи од 2016 година ќе стане претседател

Приштина, 20 ноември 2014(МИА) - По цели шест месеци политички ќорскок и неизвесност по парламентарните избори, Косово многу брзо ќе добие влада, а лидерот на Демократската партија на Косово (ДПК) Хашим Тачи во 2016 година ќе стане претседател на земјата, јавуваат медиумите во Приштина.

Како што претходно беше јавено, лидерите на ДПК, Хашим Тачи и на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Иса Мустафа,  „принципиелно“ се договориле да формираат коалициска Влада, на чие чело ќе биде Мустафа.

Претседател на Собранието на Косово, како што е договорено, ќе биде од редовите на ДПК, додека двете партиии ќе имаат еднаков број министерски места во владата.

Новата влада, како што денеска јавуваат медиумите во Приштина, ќе има само еден заменик премиер.

Тоа ќе биде заменик претседателот на ДПК, Кадри Весели, за порталот „репортери.нет“  изјавија меѓународни извори кои биле вклучени во договорот за коалицијата меѓу ДПК и ДСК.

Министерските ресори ДПК и ДСК ќе ги поделат пола-пола. Станува збор за 85 отсто од составот на владата, додека преостанатите 15 отсто ќе им припаднат на малцинските партнери во коалицијата - за Листата Српска и останатите неалбански заедници, пренесува „репортер.нет“.

Со спогодбата е предвидено и функцијата претседател на Косово да ја добие Хашим Тачи, а тоа ќе се случи кон средината на 2016 година кога ќе заврши мандатот на претседателката на Косово, Атифете Јахјага, а изборот ќе се направи во косовското Собрание.

Лидерите на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, и на движењето Самоопределување, Албин Курти, денеска оценија дека спогодбата меѓу ДСК и ДПК за формирање косовска Влада е „поддршка на криминалот и корупцијата“.

Курти, на прес-конференција, изјави дека „колаборационизмот на Иса Мустафа со Хашим Тачи ќе ја засили тајната, илегална служба на ДПК на Тачи, наречена СИК“'.

На истата прес-конференциа лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, оцени дека со коалицијата меѓу ДПК и ДСК „само уште повеќе се зголемува криминалот и корупцијата“. 

Харадинај подвлече дека ова е многу тежок момент за Косово, но нештата може да се променат.

Претседателот на националниот совет на Иницијативата за Косово, Јакуп Красниќи, на својот профил на Фејсбук напиша: „Се чини дека политиката е слика за лагата и предавството, а не за создавањето и прогресот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...