Почнува тридневната посета на папата на Турција

Анкара, 28 ноември 2014 (МИА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска пристигнува во Анкара, со што ја почнува тридневната посета на Турција, во рамките на која ќе ги продолжи напорите за помирување со православието, ќе го отпочне дијалогот со исламот и ќе им даде надеж на христијанските малцинства на Блискиот Исток, чии животи се во опасност.

Зацврстувањето на врските со Православната црква, која се отцепи од Рим со шизмата од 1054 година се очекува да биде главниот фокус на посетата, која ќе трае до 30 ноември, а во рамките на која папата ќе го посети и Истанбул.

Во Анкара верскиот лидер на католиците ќе разговара денеска во претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и со премиер Ахмет Давутоглу. Во Анкара се воведени строги мерки за безбедност, околу илјада полицајци се очекува да бидат распоредени по улиците, по кои е планирано да се движи папата.

Во Истанбул папата ќе пристигне утре. Тој ќе ја посети црквата „Света Софија“, џамијата Султан Ахмет и познатата Сина џамија и ќе отслужи миса во католичката катедрала во Истанбул.

Папата в недела ќе му се приклучи на Вселенскиот патријарх Вартоломеј во одбележувањето на 30 ноември, празникот на Свети Андреј, светец во православното христијанство.

Турција е шестото патување во странство на папата, по Бразил, Светите земји, Јужна Кореја, Албанија и Стразбур во Франција. Тој планира во јануари да ги посети Шри Ланка и Филипините.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...