Турци уапсени за шпионажа во Германија

Берлин, 19 декември 2014 (МИА) - Канцеларијата на федералното јавно обвинителство во градот Карлсруе потврди дека тројца турски државјани се приведени и дека против нив ќе бидат покренати кривични пријави за шпионажа.

Двајца од осомничените биле  уапсени на аеродромот во Франкфурт а
третиот бил уапсен во неговиот дом во западната покраина Северна Рајна Вестфалија.

Според информацијата објавена на веб страницата на федералното
обвинителство тројцата уапсени се: Мухамед Таха (58), Гоксел Г. (33) и
Ахмед Дуран (58).

Според обвинителството Мухамед Таха се сомничи дека го координирал активностите на другите двајца уапсени кои што шпионирале други турски државјани и дека во Германија работеле за Турските разузнавачки служби.

Според германските медиуми сите тројца вчера биле изведени пред судија кој што им одредил притвор во  очекување на кривични пријави.

Турците чинат 25 % од вкупниот број на странци кои што живеат и работат во Германија и според проценките над 1,5 милиони од вкупно 6,2  странци во земјата се турски државјани. Од август оваа година тие за прв пат добија можност да гласаат на претседателските избори во матичната земја по што беа отворени гласачки места во голем број германски градови пренесува Дојче Веле.

Иако тројцата уапсени не се поврзани со активности на религиозни или
радикални организации апсењето на тројцата Турци би можело да влијае на зголемување на бројот на антиисламските демонстранти кои секој понеделник се организираат во Дрезден и други германски градови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...