Власта на Ердоган во 2015 година ќе почне да се тресе

Истанбул, 8 јануари 2015 (МИА)  - Поранешниот аналитичар на ЦИА, Греам Фулер, смета дека власта на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во 2015 година ќе претрпи потреси.

Фулер е познат како експерт за Турција и Блискиот исток и има објавено мноштво публикации, анализи и книги за овие проблеми.

На својот блог Фулер дава годишна прогноза за настаните во регионот на Блискиот исток и Турција. На прво место меѓу нив тој го посочува слабеењето на власта на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а, исто така, и слабеењето на силата на групата Исламска држава (ИД).

Во својата прогноза Фулер наведува дека Иран, Русија и талибанците годинава ќе го зголемат своето влијание во Авганистан. 

- И пред ова забележував дека не верувам дека ИД како „држава“ ќе опстојува долго време, пишува Фулер. На ИД и недостасува активна и континуирана политика, сериозни политички и социјални институции, сериозен лидерски ресурс. Раководството и е конфузно и не поседува знаење за воспоставување врски со државите во регионот. како дополнување на ова тврдење, да кажам дека ако ги исклучиме незадоволните сунити во Ирак и Сирија, ИД од себе одби голем дел од сунитите во светот, пишува аналитичарот.

На истиот блог Фулер тврди дека годинава ќе се зголеми улогата на Иран во регионот. Според него, САД и Иран ќе ги нормализираат своите односи.

- И двете страни немаат друг излез освен да постигнат успех во нормализирањето на своите односи, забележа тој.

Според него, Иран и Турција се двете „реални влади“ во регионот и тој прогнозира дека државите од Заливот одново ќе ги разгледаат своите односи кон Иран.

- Влијанието на Иран во регионот ќе расте заради непрекинатите обиди на Израел да го наметне своето влијание врз Палестина, додаде Фулер.

То посебен дел од својата прогноза му посветува на турскиот претседател за кого пишува дека „Ердоган во 2015 година ќе сфати дека неговата власт почнува да се урива“.

Подвлекувајќи дека Ердоган како премиер на Партијата на правдата и развојот (АКП)/ во текот на првите 10 години од своето владеење постигна блескави успеси, аналитичарот забележува дека „после сето тоа, меѓутоа, Ердоган потона во обвиненијата за корупција, што беа упатени против него, и параноично почна да ги напаѓа сите кои го критикуваат и него и неговото деспотско владеење“.

Аналитичарот уште додава дека Ердоган им штети на институциите и е на пат да се уништи како самиот, така и партијата што самиот ја создаде. Тој пишува: „Верувам дека се додека Ердоган не го загуби угледот во очите на народот, тој институциите ќе ги насочува кон антидемократски дејствија и насилство“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...