Ниту една земја не треба да биде зависна

од друга за испораките на енергенси

Софија, 15 јануари 2015 (МИА) - Ниту една земја не треба да биде зависна од друга земја во енергетските испораки, изјави американскиот државен секретар Џон Кери по средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов. 

САД се подготвени да и помогнат на Бугарија, која донесе тешки одлуки   за да ја обезбеди својата иднина, да привлече инвестиции и да создаде план за енергетска иднина на Бугарија, посочи Кери.

Во Бугарија ќе испратиме енергетски експерт кој ќе работи со Министерството за енергетика за да им помогне во разработката на таквиот план, информира тој.

Џон Кери и Бојко Борисов ги разгледале и прашањата поврзани со зголемувањето на енергетската безбедност како во Бугарија, така и во 
цела Европа.

-Многу е важно да се постигне диверзифисикација на изворите и зголемување на поврзаноста со соседите, рече Кери.

„САД целосно ги поддржуваат плановите на Бугарија за реформирање
на судскиот систем“, посочи уште американскиот државен секретар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...