Грабар Китаровиќ побара итна пресуда за Шешељ

Загреб, 18 јануари 2015 (МИА) - Новоизбраната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ побара од генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун да ги преземе сите мерки за враќање на Воислав Шешељ во притвор во Меѓународниот суд во Хаг и што е можно поскоро да се донесе пресуда за неговиот случај. 

- Со ослободувањето на Шешељ се поткопува целта, поради која Советот за безбедност го основа Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија. Затоа барам од Вас да ги преземете сите потребни чекори за да се овозможи Шешељ да се врати во притвор во Хаг се додека не ги исполни условите за привремено пуштање на слобода, кои сите други затворенци на Судот мора да ги исполнат, се наведува во писмото на Грабар Китаровиќ до Бан Ки-мун, кое денеска нејзиниот изборен штаб го достави до агенцијата Хина.  

Според Грабар Китаровиќ под околности, кои не се сосема јасни, Судот во ноември 2014 година го пуштил на привремена слобода Шешељ од „хуманатарни причини поради влошената здравствена состојба“.

- Меѓутоа Судот за привременото пуштање на слобода не му одреди услови, кои инаку се вообичани, вели таа.

Грабар Китаровиќ нагласи дека од Шешељ не било побарано да се воздржи од јави настапи или ангажмани во политичкиот живот додека е на привремена слобода, како и дека тој не бил обврзан да се врати во Судот, кога тоа ќе биде побарано од него.

Шешељ е обвинет во 2003 година, судењето заврши во 2010 година, но досега не е донесена пресудата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...