Балканот како Ахилова пета на Европа

Дали Балканот е следно игралиште на Владимир Путин и неговата политика за дестабилизација на Европа?

Ангела Меркел неодамна наговести таква можност и таа заслужува сериозно разгледување. Финансиската криза од 2008 година на некое време успеа да ја смири страста меѓу Западот и Русија. Изјавите за солидарност по терористичките напади во Франција тешко дека ќе имаат ист ефект. Путин е премногу лут, Европа премногу загрижена, а ни сеќавањата на краткотрајното примирје од пред неколку години не се добри: американското фалење со ресетирање на односите со Русија заврши со анексија на Крим.

Во годината пред нас можни се две сценарија. Кремљ би можел да се повлече од источна Украина и да се обиде да ги поправи односите со Западот или би можел да преземе иницијатива, да го засили притисокот на европските лидери, да го прошири своето влијание и да го преполови европскиот континент.

Рускиот простор за маневрирање во сопственото опкружување очигледно е стеснет. Воената операција од широк обем во источна Украина резултираше со многу жртви и уште построги санкции. Тоа би било крај на Евроазиската економска унија, бидејќи сојузниците на Москва, Белорусија и Казахстан, јасно ставија до знаење дека се против промена на границата на суверените држави.

Ако Русија сака да го засили притисокот врз Европа, логиката и налага тоа да го направи надвор од територијата на поранешниот Советски Сојуз. Според тоа сценарио, како клучна точка се наметнува Балканот. Русија сигурно не се занесува со идејата БиХ и Албанија да ги стави под свое влијание, ниту пак некоја земја на Балканот сонува за приклучување на Евроазиската унија. Главен трговски партнер на Балканот останува ЕУ и тие земји ќе продолжат таму да бараат инвеститори и да праќаат емигранти.

Но, Балканот не е само интересен за Европската унија, туку и Ахилова пета на бриселската дипломатија. Банкарскиот систем на Балканот е слаб и ако големите компании со руски врски ненадејно ги повлечат своите пари, тоа би го дестабилизирало регионот, би довело до општествени немири и слабеење на тамошните прозападни влади. Тоа е слаба точка која Русија треба да ја притисне ако сака да ја засили непријатноста на Европејците.

Со контролираната криза на Балканот, Русија би добила адут за преговори и изговор за порекн на агресијата на Украина. Многу европски влади би биле принудени да го заборават украинското прашање. Тоа би ги уназадило напорите на ЕУ да одржи макар привид на единство на државите-членки за прашањата за безбедноста на Европа и би отворило уште подлабок јаз меѓу европскиот север и југ.

Ако Русија отворено ги поддржи сецесионистичките стремежи на Република Српска, тоа би го загрозило опстанокот на БиХ како целосна држава. Воздржаноста на Москва при гласањето во Обединетите нации за продолжување на европската мисија во БиХ го засилува впечатокот дека Кремљ е подготвен за таков потег.

Минатата година се влошија односите меѓу Србија и Албанија. Белград се согласува со руската критика за лицемерието на Западот. Регионалната економија е зависна од руската нафта и гас и секој прекин во снабдувањето би предизвикал проблеми. Ни пет години по гасната криза од 2009 година, кога Русија го прекина снабдувањето со гас на југоисточна Европа преку Украина, не е завршен ниту еден проект кој регионот би го направил самостоен во однос на Русија. Изгледа дека Москва има балкански пријатели на високи позиции.

Суштината на руското влијание во регионот не е во сличните културни склоности, словенската солидарност или во влијанието на православната црква, туку во нешто многу приземно. Корупцијата ги поврзува луѓето, а на Балканот поврзува опасни луѓе. Повеќето балкански олигарси имаат свои руски врски. Руската надворешна политика би можела да почне да ги користи.

Ако е тоа намера на Москва, дестабилизацијата на Балканот за неа би била ризичен потфат. Русија на тие општества не може да понуди ни функционален ни економски ни привлечен политички модел. А уште помалку може да ги финансира. Заедничка неволја не е исто што и заедничка перспектива. Прекинот на изградбата на „Јужен поток“ го намали влијанието на Москва.

Ако Русија ги дестабилизира прозападните влади на Балканот, најголеми губитници ќе бидат руските компании. А како не учи украинската криза, олигарсите не се лојални сојузници. Тие немаат пријатели, туку само финансиски интереси и стравови.

Ангела Меркел со право се плаши и дека Балканот е ново игралиште на силеџиите од Кремљ. Но, Путин во таков случај повеќе губи отколку што добива.

Фајненшел тајмс - Лондон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...