Обвинение за тероризам за петмина уапсени во Приштина

Приштина, 26 јануари 2015 (МИА) - Канцеларијата на Специјалното обвинителство на Косово (КСТК) покрена обвинение пред Основниот суд во Приштина против петмина обвинети за разни кривични дела поврзани со тероризам, јави Танјуг. 

Уапсените се обвинети за организирање и управување со терористичка група, учество во терористичка група, подготвување терористички дела и незаконско производство на експлозивни материјали, се наведува во соопштението на ЕУЛЕКС. 

Осомничените, меѓу другото, се теретат и за незаконско поседување оружје и експлозив, поттикнување верска омраза и тешки напади на територија на Косово, како и извршување тероризам на територија на Сирија. 

Во соопштението се наведува дека обвинетите се уапсени во Приштина во обид да купат голема количина воено огнено оружје и муниција, како резултат на тековна истрага водена од Управата на полицијата на Косово за борба против тероризмот. 

- Оваа 14-месечна истрага вклучи и форензичка анализа на докази од страна на Косовската агенција за форензика и меѓународна правна помош од земјите членки на ЕУ. Постапката ја води меѓународен обвинител од КСТК, се наведува во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...