Каменос нема да биде заменик-премиер на Грција

Атина, 26 јануари 2015 (МИА) - Лидерот на Независни Грци (Анел) Панос Каменос ќе има министерско место во коалициска влада со Сириза и нема намера да побара да биде назначен за заменик-претседател на владата, соопштија партиски извори.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, истите извори потврдија дека прашањето за грчкиот долг ќе биде врвен приоритет на новата влада.

Според најновите информации, новиот кабинет ќе има десет министри и неколку заменици и помошници министри кои често ќе заседаваат.

Партиските извори исто така откриле дека „прашањето за претседател на Грција е затворено и оти има договор меѓу двете страни“.

- Црвените линии на АНЕЛ за националните прашања ќе се почитуваат, изјавил извор од помалиот коалициски партнер и додал дека „има добра хемија и доверба меѓу Ципрас и Каменос“.

Лидерот на Независни Грци денеска се сретна и со архиепископот на Атина и цела Грција Јеронимос со кого разговараа за прашања поврзани со црквата и нејзината работа.

По средбата, Каменос изјави дека побарал благослов од архиепископот „за новиот почеток“ и додаде дека неговата партија „ќе соработува со секого за доброто на грчкиот народ“.

Инаку, во меѓувреме се обработени сто проценти од гласовите кои само ги потврдија претходните резултати. Сириза освои 36,34 проценти од гласовите и 149 места во парламентот, Нова демократија 27,81 отсто и 76 места, Златна зора 6,28 проценти и 17 места, Потами 6,05 отсто и исто 17 места, Комунистичката партија на Грција (ККЕ) 5,47 проценти и 15 места, Независни Грци (АНЕЛ) 4,75 и 13 места, и ПАСОК ја доби поддршката од 4,68 отсто од избирачите и си обезбеди 13 места во новиот состав на грчкиот парламент.

На изборите не гласале 36,13 проценти од регистрираните избирачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...