Варуфакис: Медиумите го преиначија ставот на новата грчка Влада за санкциите кон Русија

Атина, 29 јануари 2015 (МИА) - Новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис денеска ги отфрли тврдењата дека резервите од страна на Атина во врска со декларацијата на Европската унија за Украина значат дека Атина се подготвува да наметне вето на санкциите кон Русија, пренесоа британските медиуми.

Варуфакис на својот блог напиша дека информациите во медиумите ја смениле позицијата  на новата грчка Влада.

- Поплаките на Атина до шефицата на европската надворешна политика Федерика Могерини беа за немањето консултации, а не за самите санкции, додаде тој.

Министерството за надворешни работи одби да даде коментар.

Министрите за надворешни работи на ЕУ се очекува  да побараат од 
Европската комисија  да подготви  нова серија санкции против Москва, имајќи за цел казнување на Москва заради нејзината поддршка кон
сепаратистичките бунтовници во источна Украина.

Варуфакис изјави дека министерот за надворешни работи Никос Кодзиас пред своите колеги од кабинетот во вторникот изјавил дека од вести слушнал дека ЕУ едногласно ги одобрила санкциите против Русија.

„Проблемот е дека тој и новата грчка Влада не беа прашани за тоа“, напиша Варуфакис на својот блог. „Затоа е јасно дека прашањето не е во тоа дали нашата нова Влада е согласна или не со новите санкции против Русија.  Прашањето е дали нашата гледна точка  може да биде земена за став без дури и  да бидеме прашани каков е тој“, изјави новиот грчки министер за финансии.

Впечатокот дека Владата на Алексис Ципрас има разлики со останатиот дел од Европа за прашањето, беше засилен од коментарот на министерот за енергетика Панајотис Лафазанис, кој кажа дека Атина е против санкциите и нема разлики со Русија.

Самиот Ципрас уште во понеделникот се сретна со рускиот амбасадор во Атина, на денот кога положи заклетва како нов грчки премиер.

Претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, кој денеска во Атина се очекува да се сретне со Ципрас, изјави дека Грција не може истовремено да бара да преговара со Европа за својот долг и да зазема дисидентска позиција кон Русија.

-Не може од една страна да инсистирате Европа да покаже солидарност со вашата земја, како што тоа го прави Ципрас, и потоа, како прв официјален чекор да се отцепите од заедничката европска позиција, рече  Шулц за германската телевизија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...