Deutsche Welle

Последна шанса за Грција

Подобро ужасен крај отколку ужас без крај. И покрај барањето за натамошна помош, владата на Сириза во Грција треба час поскоро да прифати компромис за да го избегне излегувањето од еврозоната, смета Бернд Ригерт



Германското одбивање на грчкото барање за продолжување на програмата за помош изненади, па и загрижи многумина во Брисел. Коалицијата на радикалната левица во Атина конечно одлучи да се оттргне од непопустливоста и да побара продолжување, и со тоа роди надеж дека постои можност за договор со кредиторите. Но конзервативниот германски министер за финансии Волфганг Шојбле експресно удри со рака врз масата. Тој го оцени барањето како фарса. Одбиено!

Шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер и првиот човек на еврогрупата Јерон Дајселблум, кои посредуваа последниве денови за да им помогнат на Грците да ја формулираат апликацијата, се изненадени од одлучното Не! на Берлин, кое во меѓувреме го поддржа и Хелсинки. Ќе беше подобро најпрво да се извршеа консултации во рамките на еврогрупата, а потоа да се бараат исправки од Грција. Дури и во самата германската влада, одбивањето на Шојбле наиде на критики. Сепак, лидерот на социјалдемократите Зигмар Габриел оцени дека Шојбле е во право: барањето на Атина ќе биде одбиено во актуелната форма. Во пресрет на третиот состанок на еврогрупата за грчката драма, расположението не може да биде полошо.



Бернд Ригерт

Денеска, коалицијата предводена од Алексис Ципрас ја има последната шанса да се вразуми. Во истовреме и тврдоглавите во еврогрупата ќе ја имаат последната шанса да најдат компромис со Грците и да сторат нешто за зацврстување на еврото, кое се уште е срцето на европската интеграција. Фактот дека грчката страна одбива да го измени барањето укажува дека преговорите ќе бидат долги и тешки. Резултатите воопшто не се гарантирани. Грчкиот банкрот е сѐ поблиску.

Самото барање на Грција во прв ред, воопшто не беше за ново големо реструктуирање, реформи и програми за социјална помош кои грчката влада им ги вети на своите гласачи, притоа без никаква идеја како тоа ќе биде финансирано. Големото прашање за реструктуирање на долгот и негово намалување, воопшто не е отворено. Таа дискусија допрва треба да уследи.

По шест месеци, треба да се испреговара нов договор со еврогрупата и со ММФ. Од денешна перспектива, тоа изгледа целосно невозможно. Поверојатно е дека Грција конечно ќе банкротира. Коалицијата на Сириза и Анем треба што поскоро да пропадне врз основа на нивните предизборни ветувања. Нивната магија треба да исчезне и треба на демократски начин да си заминат од власта. Тоа ќе биде тешко за Грција, но сепак и тоа е подобро отколку владеењето на левичарско радикални врескачи, економски дилетанти и националисти и притоа да биде исфрлена од ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...