Во последните 48 часа ниту еден Косовец не емигирал во ЕУ преку Србија

Приштина, 26 февруари 2015 (МИА) -Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека илегалната емиграција на косовските граѓани преку српска територија е значително намалена, така што во последните два дена не е регистриран ниту еден случај. Веста ја соопшти Марија Обрадовиќ, претседателка на Парлементарниот совет за заштита и внатрешни работи во српскиот Парламент.



-Во последните 48 часови не е регистрирано ниту едно илегално поминување на границата, додека во првата половина од месецот беа запрени 150 емигранти при обид да ја минат градницата, изјави таа.

Според неа, МВР, во соработка со колегите од соседните земји, како и со Австрија и Германија, значително ја намалила илегалната емиграција на излез од Србија.

Обрадовиќ како што пренесува приштинскиот сајт Koha.net, прецизира дека сите оние кои илегално ја минуваат границата биле лажни азиланти, кои со фалсификувани косовски документи и административна изјава за движење низ Србија се обидуваат да заминат за некоја од земјите на ЕУ, главно во потрага по работа.

Како што деновиве беше кажано на седница на парламентарната комисија за европска интеграција во масовниот емигрантски бран присутен последните месеци Косово го напуштиле 230.000 жители.

Тие тргнувале од Косово, главно од автобуската станица во Приштина, влегувале во Србија, од каде потоа стигнувале до Унгарија, а понатаму поради шенгенскиот режим стигнувале до нивната посакувана дестинација, пред се, Германија и Австрија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...