Продолжувањето на спасувачката програма да биде гласано во Парламентот

Атина, 27 февруари 2015 (МИА) - Опозициската конзервативна партија Нова демократија во Грција бара продолжувањето на спасувачката програма за земјата да биде подложено на гласање во Парламентот.

Засега не е јасно дали Владата ќе го внесе прашањето во Парламентот или ќе побара одобрување на продолжувањето преку законодавен указ.

Премиерот Алексис Ципрас се судира со резерви во својата партија СИРИЗА во однос на договорот.

Германскиот Парламент денеска со огромно мнозинство одобри продолжување на спасувачката програма за четири месеци. Претходно Парламентот на Холандија исто така ја ратификуваше вчера одлуката за продолжување на грчката програма.

- Не е возможно други европски парламенти да гласаат за продолжување на помошта за Грција, а тоа право да биде ускратено на грчкиот Парламент, зарем СИРИЗА се плаши од своите пратеници, рече портпаролот на Нова демократија Костас Карагунис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...