Хрватска има еден, а плаќа тројца претседатели

Загреб, 3 март 2015 (МИА) - Граѓаните на Хрватска во моментот плаќаат тројца претседатели - актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и двајца поранешни претседатели, Иво Јосиповиќ и Стјепан Месиќ.

Хрватска се најде во таква ситуација откако доскорешниот претседател Јосиповиќ, чиј мандат истече на 18 февруари неочекувано одлучи да го искористи законското право за претседателски надомест. Тој шест месеци ќе добива цела плата од 24.700 куни (3.220 евра) и половина од таа сум во следните шест месеци, доколу во меѓувреме не биде отворено место на Правениот факултет, каде предаваше на катедрата за кривично процесно право пред да стане претседател во 2010 година.

Одлуката на Јосиповиќ наиде на критики од јавноста бидејќи имаше најавено дека ќе се врати на факултет по завршување на мандатот. 

Хрватска издвојува за плата и за поранешниот претседател Месиќ, кој беше на функција два мандати од 2000 до 2010 година. Тој на располагање има канцеларија за која од буџетот се одвојуваат 863.000 куни (113.000 евра). Тој има право на доживотно користење на канцеларијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...