Бугарија бара одмрзнување на гасоводот „Набуко“

Софија, 4 март 2015 (МИА) - Бугарија се залага за одмрзнување на проектот за изградба на гасоводот „Набуко“, поточно на делот што минува низ нејзина територија, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, кој престојува во посета на Софија.

Како што јави БТА, Борисов нагласи дека Бугарија заедно со Азербејџан пред Европската комисија ќе презентира предлог за возобновување на проектот „Набуко“.

Борисов нагласи дека за разлика од некои други земји од Унијата, Бугарија како „исклучително лојален член на ЕУ“ ги исполнила сите законски одредби од Третиот енергетски пакет, откажувајќи се од проектот „Јужен поток“.

- Во овој случај имаме проект („Набуко“), кој е и про-НАТО и европски и во кој со години инвестиравме пари, изјави Борисов, додавајќи дека Бугарија би имала полза од изградбата на гасоводот, кој воедно на земјата ќе и обезбеди стратешка предност.

Алиев од своја страна изјави дека Азербејџан има доволно гасни резерви, со кои може да обезбеди доволно гас за „Јужниот гасен коридор“, „Набуко“ и „Трансјадранскиот гасовод“.

Гасоводот „Набуко“ е замислен како проект кој треба да пренесува гас од Азербејџан, преку Турција, Бугарија, Романија и Унгарија до Австрија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...