Италијански обвинител тврди

ИД има регрутни центри во Албанија

Тирана, 4 март 2015 (МИА) - Џихадистичката група Исламска држава има активни регрутни центри, како во Италија, така и во Албанија, тврди јавниот обвинител на италијанскиот град Бреша, Луиџи Марија Дел’Осо во изјава за дневниот весник „Кориеа дела Сера“.

Како што пренесува тиранската телевизија Топ–чанел, Дел’Осо во изјавата нагласува дека истрагата продолжува и оти Албанија е „невралгична точка од оваа мрежа“.

- Во Албанија се врши пропаганда, регрутирање и обука на дел од лицата, кои потоа се упатуваат на боиштата во Сирија, Либија и Ирак. Откривме дека контактите на дел од лицата кои се занимаваат со регрутирање стигнуваат и до Бреша, по што почнавме заедничка истрага со албанските власти, изјави обвинителот.

Како што јави дописникот на МИА, Дел’Осо го нагласува фактот дека кога станува збор за тероризам треба да се мисли и на изворите на финансирање.

Следејќи ја оваа линија истрагата го довела Обвинителството до трансфер на пари во неколку агенции, кои според Дел’Осо, во добар дел се правеле со лажни документи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...