Снежна бура го зафати Балканот

Загреб/Сараево/Подгорица, 5 март 2015 (МИА) - Најавеното влошување на временските прилики, падот на температурите со обилни врнежи од дожд и снег пристигна во поголемиот дел од регионот, а црвеното предупредување на Метеоаларм е воведено за јадранското крајбрежје и источна Херцеговина.  

Долж хрватското крајбрежје дува орканска бура, така што во прекин се голем број траектни линии, а бројни патишта се затворени за сите видови возила и засега камионите со приколки не можат да возат од внатрешноста на Далмација и хрватското приморје и обратно, соопшти Хрватскиот автоклуб.

Циклонот Реа надвисна над Хрватска, во Славонија се предвидуваат комбинирани врнежи на дожд и снег, а во Лика и Горски Котор од снег.

Во Сплит дува бура со орканска сила, а таа најголем интензитет има на Велебит и во Далмација.

Во Макарска брзината не ветерот достигна 130 километри на час, а во Подстрана интервентните екипи мораа да отстранат урнат електричен столб.

На трговско-транспортниот терминал Сплит се урна дел од покривот на фирмата „Далмекс“, додека на подрачјето на Дорње Подстране во прекин е снабдувањето со електрична енергија. 

Поради снежните врнежи во Хрватска стопиран е сообраќајот за возилата над 7,5 тони на граничниот премин Изачиќ, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања. 

Во Босна и Херцеговина европскиот Метеоаларм денеска објави црвено предупредување за источна Херцегоина и жолто за остатокот од земјата.

Прогнозите најавуваат најобилни врнежни од снег токму во источна Херцеговина. 

Сообраќајот поради снегот на повеќето патни правци во БиХ веќе се одвива отежнато и успорено, а на патниот правец Сараево Коњиќ на планинскиот превој Иван целосно е стопиран сообраќајот за товарни моторни возила.

Снег има и во Црна Гора, а од изутринава поради врнежите стопиран е сообраќајот за одредени категории на возила на патот Подгорица-Бијело Поље.

Во Словенија надлежните служби предупредуваат за исклучително силен ветер и бура во приморските региони и во сила е жолто предупредување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...