Приштина го обвинува Белград за кршење на бриселските договори

Приштина, 25 март 2015 (МИА) - Белград продолжува да ги крши договорите постигнати во Брисел со тоа што поддржува „паралелни структури“ во Северно Косово, чие отстранување е клучно за ефективно спроведување на договореното, се наведува во извештајот на владата во Приштина за спроведувањето на договорот меѓу Белград и Приштина во периодот од декември 2014 до март 2015, кој е испратен во Брисел.

 - Поддршката од Србија на паралелните структури сериозно го загрозува напредокот во функционирањето на законот и интегрирање на четирите општини на север во системот на Косово. Србија продолжува со кршење на договорот од Брисел барајќи од овие општини да не усвојуваат општински буџети во обид да спречат интеграција на здравствениот и образовниот систем со системот на Косово, се наведува во извештајот, потпишан од министерката за дијалог Едита Тахири. 

Весникот „Коха диторе“ пишува дека во извештајот се наведува дека овој временски период е одбележан со негативни акции на Србија, која продолжува со поддршка на паралелни структури на Косово. 

Градоначалниците на општините во Северно Косово, според извештајот, имаат политичка поддршка од Србија и со неформална сила го поткопуваат работењето на градоначалниците и органите на општините избрани во согласност со законите на Косово. 

Во извештајот се истакнува и постоењето на оружени структури во Северно Косово, познати како „цивилна заштита“. Косово покажа интерес за забрзување на спроведувањето на планот за отстранување на „цивилната заштита“ и интегрирање на нивните членови во косовските институции, се наведува во извештајот, наведувајќи дека Србија постојано доцни и не обезбедува нивно реформирање, вклучително законски регулативи за отстранување на структурите. 

Според Косово Србија, исто така, продолжува со поставување препреки на земјата за вклучување во регионални организации, дури и во случаи во кои Косово веќе е член.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...