Ѓукановиќ: Црна Гора е на добар пат да добие покана за членство во НАТО

Подгорица, 25 март 2015 (МИА) - Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави денеска во Парламентот дека земјата е на добар пат да ги исполни очекувањата на сојузниците околу исполнување на условите за членство во НАТО, додавајќи дека неговата Влада до крајот на својот мандат, кон средината на следната година, ќе добие повик и ќе и обезбеди влез на Црна Гора во Алијансата.

- Црна Гора за навистина кратко време, може да се каже и рекордно, успеа од обновување на државноста да се најде пред вратата на НАТО, истакна Ѓукановиќ.

Црногорскиот премиер нагласи дека последните анкети покажуваат раст на поддршката од граѓаните за влез во Алијансата, која изнесува околу 38 отсто, и изрази очекување дека наскоро ќе биде остварена и мнозинска поддршка, каква што постои во Парламентот.

Ѓукановиќ најави наскоро можна посета на високи претставници на НАТО на Црна Гора, како и неговата веќе договорена посета на Брисел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...