„Балканското“ автоматско оружје во пораст меѓу криминалците во Шведска

Гетеборг, 26 март 2015 (МИА) - При полициските акции против криминални банди во Гетеборг е забележан пораст од 25 проценти на запленето автоматско оружје, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

По повод нападот со автоматско оружје во еден ресторан во Гетеборг пред една недела, во кој животите ги загубија две лица, од кои и едно 20-годишно момче по потекло од Србија, голем број шведски политичари побараа натамошно заострување на мерките со цел заплена на оружјето со кое располагаат криминални банди.

Полицијата во регионот на западна Шведска од септември 2013 година има извршено голем број заплени на оружје во специјалните акции насочени кон разбивање на организираните криминални мрежи во предградијата на Гетеборг.

Од 209 запленети парчиња оружје 51 се различни видови автоматски пушки, кои речиси без исклучок се прошверцувани во Шведска од подрачјето на Балканот. Автоматското оружје се шверцува преку Германија во автомобили и автобуси кон Шведска.

- Оружјето се крие во автомобили и мошне е тешко да се открие таков вид на транспорти. Денес немаме никакови гранични контроли. Всушност, би требало во врска со транспортот на оружјето од Балканот прво да постојат гранични контроли во Германија, но очигледно е дека таквите контроли не се ефикасни, изјави Пол Сјоландер, полициски комесар за тешки кривични дела од Гетеборг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...