Албанскиот Парламент им го одзеде имунитетот на двајца пратеници за да бидат уапсени

Тирана, 26 март 2015 (МИА) - Албанските пратеници денеска гласаа за укинување на парламентарниот имунитет на двајца пратеници кои го обвинија претседателот на Собранието, Илир Мета, дека планирал убиство на еден од нив, отворајќи го патот за нивно апсење кое го побара обвинителството заради „лажни изјави“.

Како што пренесува агенцијата Фена, имунитетот  им е одземен на пратеникот Том Дочи, кој на почетокот на март беше избркан од групата на социјалистите во Парламентот, и на Марк Фроку, член на малата демохистијанска партија, која е сојузник на левицата на власт, пренесува Фена.

Дочи го обвини претседателот на Собранието дека „планирал“ негово убиство и убиство на уште еден пратеник од Демократската партија.

Обвинителството во петокот побара од Парламентот да го укине парламентарниот имунитет на двајцаата пратеници за да може да се отвори патот за нивно апсење.

-Нема ниту еден конкретен доказ за можно планирање обид за убиство, а истрагата покажа дека оваа приказна ја монтирале Том Дочи и Марк Фроку, наведе обвинителството во забелешката што во петокот беше упатена до Парламентот.

Обвинителството ги сомничи двајцата пратеници за „лажни сведочења и изјави и за закани“.

Тие можат да добијат казна до пет години затвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...